Турист го снимил мигот кога мали дрски чепчики ја ограбуваат неговата жена додека таа позира со нив за слика. Случката се случила пред храм во Тајланд, кадешто имало полно мали девојчиња облечени во традиционална облека. Жената била воодушевена од симпатичните девојчиња и посакала да се слика со нив, воопшто не сомневајќи се во нив. И двете ја фаќаат за раката, но едната вешто ѝ го симнува часовникот од рака додека се насмевнува пред објективот.

dz

„Оваа слика ја разреши мистеријата со исчезнатиот часовник“, пишува оштетениот турист, кој ја објавил сликата на сајтот Редит. Илјадници корисници ја коментираат снимката, а некои од нив објавиле и свои слики со истите девојчиња пред храмот Ват Пра Тат Дои Сутхел во Чинг Мај. Се претпоставува дека таму „оперира“ џепчиска банда од околу 6-7 деца.

Сподели на Facebook
пати видено