Учителот застанал пред учениците со бел лист хартија со една црна точки во средината и ги прашал:
– Драги ученици, што гледате?
Еден ученик рекол:
– Мала црна точка…
Друг ученик рекол:
– Црна точка?
Трет исто така:
– Една црна точка!
Учителот почнал да плаче. Учениците се загрижиле и го прашале:
– Што се случи Учителе? Што згрешивме?!
– Зошто сите ја гледаат малата црна точка, а никој не го гледа големиот бел лист…

Поука: Секогаш кога ќе се соочите со некоја тешкотија во животот, сетете се дека тоа е само црната точка на белиот лист, а се останато е бело и убаво.

Сподели на Facebook
пати видено