Кога некој ќе добие прекар Иван Грозни, очигледно е дека не бил добра личност, а уште помалку добар сопруг. Иван Грозни, попознат како Иван IV Василевич, бил првиот владетел кој бил крунисан како „цар на сите Руси“. Тој ја задржал титулата до неговата смрт во 1584 година, а сите негови наследници ја користеле истата титула по него.

Иако Иван Грозни е познат како цар кој ја проширил територијата на Русија и ја трансформирал од средновековна држава во моќна империја, тоа секогаш се одвивало по цена на неговиот народ. Многу луѓе биле мачени и убиени под неговото владеење. Дури и неговиот син и наследник Иван Иванович не бил поштеден од бруталноста на царското лудило. Според историчарите, Иван бил сложена личност: побожна и интелигентна, но со чести избувнувања на ментална нестабилност. Веројатно во текот на еден од овие напади го убил неговиот син. Иван бил многу параноичен во поголемиот дел од својот живот.

Тој бил во брак осум пати. Иван бил крунисан во 1547 година, кога имал само 16 години и се оженил со својата прва сопруга, Анастасија Романовна, две недели подоцна. Таа родила шест деца, од кои четири починале во раното детство, оставајќи ги Иван и Фјодор како наследници на престолот. Фјодор подоцна ќе стане цар Фјодор I од Русија. Летото 1560 година, Анастасија многу се разболела. Како што нејзиното здравје се влошувало, паранојата на Иван растела, верувајќи дека на некој начин неговата сопруга била отруена во обид да го отрујат него. Убеден дека станува збор за заговор, царот наредил мачење и убивање на многу луѓе, особено оние со титулата Болјарин кон кои Иван чуствувал исклучителна омраза. Анастасија починала на крајот на тоа лето. Според руските народни приказни, пред да умре, таа го предупредила Иван да не се ожени со паганска сопруга.

Само една година подоцна, царот се оженил со својата втора сопруга, Марија Темрјуковна од северозападна кавкаска етничка група. Таа не била христијанка, но тој сепак се оженил со неа затоа што наводно бил маѓепсан од нејзината убавина. Таа се сметала за злонамерна и манипулативна. Таа родила син Василиј, но бебето починало. По 8 години и Марија била отруена и починала на 25-годипна возраст, а царот продолжил да измачува луѓе кои ги обвинувал за нејзината смрт.

Неговиот трет брак не траел долго, тој се оженил со 19-годишната Марфа Собакин која починала неколку дена по свадбата иако била чувана во висока кула со стражари. Според законите на Руската православна црква, четвртиот брак е забранет и нечесен. Но Иван тврдел дека не го консумирал бракот со Марфа и без благослов на црквата се оженил со Ана Колтовски во 1572 година. Но, поради тоа што била „неплодна“ ја испратил да живее во манастир до крајот на животот. Многу малку информации има за петтата сопруга Ана Василчиков, со која се оженил во 1575 година а една година подоцна таа завршила во манастир каде што набргу починала од непознати причини.

Василиса Мелентева, шестата сопруга на царот го изневерувала со принцот Девлетев и како казна таа морала да присуствува на погубувањето на љубовникот, а потоа била испратена во манастир каде што исто како и претходната сопруга починала од непознати причини. Во 1573 година, Иван се оженил со својата седма сопруга, Марија Долгорукаја. Уште еднаш, Иван открил дека неговата сопруга има љубовник. Само овој пат царот не се мачел да ја испрати во манастир, туку самиот ја удавил.

Во 1581 година, кога имал 51 година, Иван се оженил со својата осма и последна жена, Марија Нагаја. Таа го родила царскиот син, Димитриј. По смртта на Иван во 1584 година, неговата сопруга и Димитриј биле испратени во егзил. Седум години подоцна, Димитриј умрел под необични околности, додека Марија била обвинета за небрежност и испратена во манастир. Марија живеела до 1608 година.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено