Еве како изгледаат климатските промени. Оваа изгладнета поларна мечка била забележана од фотографот на National geographic, Пол Никлен додека бил на експедиција на Бафинските Острови. Со зголемувањето на температурите и топењето на мразот, поларните мечки го губат пристапот до главниот извор на нивната исхрана-фоките. Гладни и истоштени, тие се принудени да талкаат во човечки населби за секој извор на храна. Хранењето на поларните мечки е незаконско. Доколку не нашла друг извор на храна, оваа мечка најверојатно имала уште неколку часа за да живее.

Сподели на Facebook
пати видено