Да имате личен чистач е луксуз, но ако не можете да си ја дозволите таа привилегија, професионалци ги споделуваат своите најдобри трикови за чистење, и овие трикови би можеле да ви се најдат. Од употребата на сода бикарбона за чистење на валканиот кауч, до паста за заби за светнување на вашиот свршенички прстен, разни трикови на професионалци кои можат да ви заштедат многу време.

hk01

1. Употребете паста за заби за да ги исчистите вашите омилени работи

hk03

Истријте ги вашите калливи патики со паста за заби и тие ќе станат како нови, а и на скапоцените предмети како вашиот свршенички прстен исто така можете да им го вратите сјајот со обична паста за заби.

2. Употребете сода бикарбона за да го исчистите вашиот кауч

Ако сте истуриле пијалок на вашиот кауч или вашето куче минало по него со своите валкани шепи, експертите советуваат да употребите сода бикарбона за да ги исчистите дамките.

3. Употребете жилет за да ги отстраните дамките од боја

Ако сте го бојадисувале својот дом и случајно ви капнала боја, истата можете да ја истружете со жилет.

4. Исчистете го вашето ренде со компир

hk02

Отстранувњаето на остатоци од вашето ренде, може да биде напорна работа, но дали сте знаеле дека нив можете да ги отстраните со обичен компир?

5. Масниот под исчистете го со – кока кола

Ако сте истуриле масло врз подот, истурете малку кока кола, тоа ќе помогне да се исчисти.

6. Употребете средство за плакнење на устата за вашата машина за перење

Ако вашата машина за перење е валкана, сипете чаша средство за плакнење на уста во празната машина и пуштете ја да работи. Тоа ќе помогне за нејзина дезинфекција и ќе ја исчисти.

7. Исчистете го тушот со лимон

За да ја исчистите главата на тушот, ставете оцет и неколку капки лимонов сок во кеса. Ставете ја главата на тушот во кесата, врзете ја со ластик и оставете ја така преку ноќ.

8. Исчистете ја вашата облека со креда

Ако сте ја измастиле вашата облека, истријте ја со креда и потоа ставете ја во машината за перење.

9. Исчистете дамки од лак за нокти со водка

Дамките од лак за нокти врз вашиот тепих исчистете ги со водка. Ќе се изненадите колку лесо се чистат

10. Соберете парчиња стакло со парче леб

hk04

Ако сте скршиле некој стаклен предмет и не сакате да се изложите на ризикот да се исечете, притиснете парче леб врз стаклото и соберете го.

Сподели на Facebook
пати видено