Полицијата тропнала на вратата на 40-годишниот Алваро Камара на денот на татковците во недела навечер, поради тоа што требал да ги однесе децата кај поранешната сопруга но не го направил тоа. Полицајците помислиле дека таткото е се уште изилезен со децата затоа што немало светло во куќата и решиле да се вратат наредното утро.

Тогаш ги пречекала ужасна глетка, Камара се обесил а неговите две деца биле мртви. Алваро водел голема битка за старателство со сопругата и соседите велат дека нивните караници станувале се поголеми.

Мајката на децата изјавила: „ Седнав… се замотав во ќебето на ќерка ми и пиев чај од чаша на која пишува ‘Те сакам мамо’ и се борам со солзите за да ја сфатам оваа ужасна ситуација. Барав помош повеќе пати и многу, многу пати кажав дека децата се во опасност додека се со нивниот татко, но не ја добив потребната помош за да ги спасам.“

Полицијата не открива на кој начин децата биле убиени. Соседите на Алваро рскажале дека иако тој се доселил само пред неколку месеци тие ги слушале кавгите со неговата бивша сопруга. Но исто така велат дека тој се однесувал добро кон децата.

„Прекрасно девојче и слатко мало момче. Се изгледаше одлично, децата го посетуваа, ги возеше на велосипед, ги шеташе во паркот, затоа не знам. Понекогаш не можеш да знаеш какви се навистина луѓето.“, вели сосетката Јулија Понција.

Друга сосетка пак, по име Кери изјавила дека Алваро изгледал прилично нервозно последните неколку денови пред трагедијата. Она што ги ставило на мисла полицајците е изјава од сосед кој тврдел дека тоа утро ги слушнал гласовите на Алваро и неговата ќерка, што би значело дека вечерта кога полицијата била да ги побара децата тие биле живи. Парот бил 8 години во брак и поднеле барање за развод пред неколку месеци.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено