Одличен избор за сите дами кои сакаат да ги покажат своите атрибути. Топ Шоп ги сруши границите за пристојност во јавност и започна да продава целосно проѕирни, најлонски фармерки кои би го привлекле окото на секој маж, но и би ја испотиле девојката што ги носи.

Топ Шоп е интензивно исмејуван и критикуван на Твитер за овој нивен “револуционерен” производ. “Размислувај надвор од кутијата! Овие необични целосно проѕирни фармерки со сигурност ќе ги натераат луѓето да коментираат,” пишуваат од Топ Шоп на нивната веб страна.

Исто така од Топ Шоп ги препорачуваат овие фармерки како идеална комбинација за фестивал и маскембал, но ги препорачуваат и за на плажа врз вашето бикини, или пак можете да ги искомбинирате со омилената јакна или блуза.

За разлика од некои други проѕирни производи кои се продаваат со одреден вид на постава, овие фармерки доаѓаат без никаков материјал за покривање, а моделот што ги рекламира носи кратки шорцеви врз нив.

На Твитер ‘никнаа’ коментари од типот “Оди си дома Топ Шоп, пијан” си или пак “Луѓето прашуваат зошто Топ Шоп продава проѕирни фармерки?, одговорот е: За да прашуваат луѓето ‘зошто Топ Шоп продава проѕирни фармерки?'”

Ова не е првиот испад на Топ Шоп, тие скоро почнаа и со продажба на фармерки со најлонски коленици, за кои имаа подеднакво негативни коментари. Инаку целосно проѕирните најлонски фармерки чинат САМО 100 долари и доколку сакате да си купите еден пар побрзајте, затоа што нели секако, количините се ограничени.

Сподели на Facebook
пати видено