Луѓето отсекогаш сакаат да ја менуваат природата за да ја направат „поудобна“ за живот. Но најчесто природата е онаа која што страда, а додредени локации се толку оштететни што повеќе не се безбедни за живот.

10. Антракс (острови)

Постојат три вакви острови во светот и тие биле користени од САД, Обединетото Кралство и Советскиот Сојуз за тестирање на биолошкото оружје, како што е антраксот. Островот Груинард на брегот на Шкотска бил користен од Велика Британија за време на Втората светска војна за тестирање на антракс. Островот Возрожџенија бил остров во Аралското езеро, кој бил поделен меѓу Казахстан и Узбекистан. Советскиот Сојуз го користел во почетокот на 1950-тите за тестирање на биолошкото оружје. Владата на Соединетите држави поседува и управува со островот Плам, на кој вршела слични операции.

9. Корејска демилитаризирана зона

Во рамките на 250 километри помеѓу Северна и Јужна Кореја, во ширина од 4 километри постои најголема акумулација на противпешадиски копнени мини на планетава.

8. Гилман, Колорадо

Гилман бил рударски град во 1886 година, но бил евакуиран во 1984 поради контаминација на подземните води од лошите рударски практики што овозможиле на цинк, олово, кадмиум, арсен и сулфиди, во водата почнувајќи од почетокот на 20 век.

7. Бикини Атол

Можеби сте слушнале за атомските тестови на Бикини Атол спроведени во 1950-тите, но никогаш нема да имате шанса да го посетите. Жителите на островот биле прогонети од својата татковина 71 година благодарение на американските тестови.

6. Пичер, Оклахома

Во овој град можете да добиете труење со олово. Во градот се вршеле неконтролирани подземни ископувања на олово и цинк. Градот некогаш имал од 14.000 до 20.000 жители, но сега никој не живее таму.

5. Витеном, Австралија

Во 1960-тите, Витеном бил најголемиот производител на син азбест на континентот. Но, до 2013 година, градот бил затворен поради токсичните нивоа на син азбест низ целата област.

4. Централија, Пенсилванија

Овој мал рударски град гори веќе 55 години и најверојатно ќе гори уште 250. Низ областа има поставено знаци за опасност од задушување или да бидете проголтани од земјата. Тони јаглен горат на оваа место. Постојано се појавуваат пукнатини од кои излегуваат сулфурни гасови кои се смртоносни.

3. Чернобил, Украина

Една од најлошите нуклеарни катастрофи на сите времиња се случи во нуклеарната централа Чернобил во 1986 година. Зона од 30 километри во сите правци околу централата не е безбедна за живот и се смета дека така ќе остане во наредните 20.000 години.

2. Аралско Езеро

Некогаш ова езеро кое се наоѓа на границата помеѓу Казахстан и Узбекистан било многу поголемо, но поради климатските промени тоа драстично се намалило и во него повеќе нема растителен и животински свет. Исто така островот Возрожџенија играл улога во неговото загадување.

1. Фукушима, Јапонија

Иако несреќата во нуклеарната централа Фукушима па прв поглед изгледаше дека е предизвикана од природна катастрофа, подоцна независен тим на експерти утврдил дека операторот на фабриката не успеал да ги исполни основните безбедносни барања, што резултираше со катастрофални последици.

Сподели на Facebook
пати видено