Кога 25-годишната Алис Хохенхаус имала само четири години, и била дијагностицирана леукемија. И покрај тоа осум години била во ремисија, радијацијата врз целото тело која ѝ ја извеле на деветгодишна возраст значела дека можеби подоцна нема да може да има деца. На нејзин шок, кога имала 23 години таа забременила по природен пат, но го изгубила детето во петнаесеттата недела од бременоста. Докторите ја советувале дека компликациите во нејзината матка би можеле да попречат таа да носи дете во својата утроба. Но, мајката на Алис, Тереза Хохенхаус, се понудила како сурогат и да ѝ помогне на својата ќерка да го оствари својот сон за семеен живот.

„Алис веќе ги имаше ембрионите и јас си помислив – зошто не?“, вели 46-годишната Тереза. „Мислев дека сум престара и Алис отпрвин не сакаше да го правам тоа, но со оглед на тоа дека досега замалку двапати ќе ја загубев Алис, се исплати сега да ја видам среќна.“

Тереза, која е мајка на пет деца и посвоила 50 други, речиси веднаш забременила. Уште од самиот почеток, таа на бебето во нејзиниот стомак мислела само како на внук и ништо друго, за на крај да го роди на 2 јуни.

„Морам да кажам дека тоа беше најдоброто искуство во мојот живот“, вели Тереза.

bb01 bb02 bb03 bb04 bb05 bb06 bb07 bb08 bb09 bb10 bb11 bb12 bb13 bb14 bb15 bb16 bb17 bb18

Сподели на Facebook
пати видено