Една девојка слушнала завивање и крици на куче и решила да излезе да провери дали некој го повредува кучето. Но, наместо тоа што го очекувала, била зачудена кога видела куче како „плаче“ додека спие. Таа се обидувала да го смири, но напорите биле залудни. Бидејќи не знаела дали кучето е болно или пак има кошмари, девојката се сожалила и го нахранила. Кога прв пат го видела кучето, тоа имало рана на стомакот. Сега два месеци подоцна кучето е подобро, но, има грчеви во ногата. Причината поради која кучето Нури има кошмари е поради вистинскиот кошмар кој му го предизвикале луѓето.

Некој човек се обидел да го фати Нури и тој се скрил под еден автомобил. Потоа кучето било брутално избодено во стомакот. Поради тоа Нури повеќе не е среќен и не може да има мирен сон. Со цел да му помогнат на Нури обезбедена му е нега за неговите физички и психолошки повреди. Сеќавањата го демнат Нури секогаш кога ќе ги затвори очите. Тој сега добива посебна арома-терапија и спие во посебна просторија со релаксирачко осветлување. Нури сега конечно може спокојно да спие, без да биде пратен и во сон од своето минато.

Сподели на Facebook
пати видено