Танцувањето на шипка секогаш се поврзува со стриптизерките. Мажите даваат многу пари за да гледаат како полу-голи девојки заводливо танцуваат и прават акробации околу шипки. Но, во последниве години, стана популарна форма на вежбање, бидејќи бара значителна сила на горниот дел од телото. Сепак се уште не се смета за „семејно хоби“.

Мразот решиле да го скршат Дејв и Хејзел, татко и ќерка, кои пред неколку години си смислиле заедничко хоби- играње на шипка. 52-годишниот маж и 27-годишната девојка толку многу се усовршиле што отвориле свое студио во Англија каде што држат часови за танц на шипка.

Меѓутоа, кога тие одлучиле да го споделат својот талент со светот на популарното телевизиско шоу Britain’s Got Talent во Британија, судиите едноставно не можеле да поминат преку тоа дека тие се татко и ќерка и тие добиле негативни гласови.

„Ако не можете да му верувате на својот татко дека нема да ве испушти, кому ќе му верувате? Други луѓе ми предложија да работам со нив, но си реков на себе ‘Нема шанси’. Јас не би се чувствувал толку удобно или безбедно, бидејќи тие не би ги знаеле моите точки на рамнотежа како мојот татко.“, вели Хејзел.

Сподели на Facebook
пати видено