Вработени во некој интернет провајдер се качиле во такси и прашале за цената.
– Нудиме неограничен пакет за 100 денари – одговорил таксист.
Кога пристигнале на бараната адреса, тој им рекол:
– 2400 денари, молам.
– Но нели рековте 100 денари! – се изнервирале патниците.
– Видете сега! – почнал да им објаснува возачот. – При неограничен пакет брзината е ограничена на 10 км/ч, а Вие ме замоливте да возам побрзо. При зголемена брзина се наплаќа по 100 денари за секои 10 км/ч. Освен тоа неограничениот пакет е валиден само во рамките на еден регион, а Вие патувавте во соседниот регион – тоа веќе е роаминг. Патување надвор од почетниот регион се наплаќа еднократно 100 денари. Освен тоа, при роаминг се наплаќа по километар, а тарифирањето е на почеток за првите 100 км., што значи тоа се уште 900 денари. И тоа воопшто не ви е скапо затоа што нашата стандардна тарифа е 1500 денари за км, а вие плаќате роаминг 900 денари/км. Дури ви излегува и многу поевтино! Покрај тоа Вие бевте повеќе корисници. Од 1 јануари услугата „групни патувања“ се плаќа – по 190 денари од човек. И уште 390 денари. Вие користевте музички пакет, бидејќи влегувај во такси се согласивте да ја користите оваа платена услуга. Значи сè вкупно должите точно – 2400 денари.

Сподели на Facebook
пати видено