Студенти од Стенфордскиот универзитет имаа можност да пробаат пиво сварено според кинески рецепт стар 5000 години. Според кажувањата, древното пиво има изненадувачки пријатен вкус. Рецептот бил октриен минатата година од страна на археолози при универзитетот, раководени од Ли Лиу. Експертите направиле список на потребните состојки анализирајќи ги остатоците од пивото по површината на керамички садови во кои тоа се складирало и пиело, а кои што биле најдени на локалитет во североисточна Кина.

pv

Анализата покажува дека пивото било правено од зрнести култури – просо, јачмен и коикс -вид азијатска трева, плус малку сладок компир и корен од лилјан.

Студентите повторно го произвеле пивото ставајќи во вода семиња од црвена пченица за да проникнат. Потоа ги истриле проникнатите семки за пота пак да ги стават во вода која ја ставиле во фурна на температура од 65 степени целзиусови. Готовата смеса добиена од варењето била оставена една седмица на собна температура за да ферментира.

Курсот кој го води проф. Лиу е наречен „Археологија на храната“. Нејзините истражувања имаат цел пошироката јавност да се запознае со древните култури преку храната и напивките кои ги употребувале. Анализата на кинеските садови на пример открива дека јачменот таму се одгледувал 1000 години пред таа култура да почне да се култивира во источна Азија.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено