Студент од Нов Зеланд поттикнал гнев откако за време на изборната кампања за студенскиот сојуз во неговиот универзитетјавно се пофалил со бројот на жени со кои спиел. Имено, Алекс Виниата тврдел дека неговите сексуални авантури се сосема доволни да му гарантираат да биде избран. За студентското списание на универзитетот Вајкато во кој студира тој кажал дека не би имал проблем да го добие претседателското место кога би добил глас за секоја жена со која спиел.

sx01

„Кога би добил глас за секоја жена во кампусот која сум ја легнал, лесно би го добил ова место“. Иако ова всушност го мислел како шега, не им било смешно на сите. Неговата колешка Илејн Гајд изјавила дека неговиот коментар бил навредлив за жените.

sx02

„Замислете си да сте жена која спиела со него и потоа го прочитате ова, како би се чувствувале“, вели Гајд. „Би се чувствувале како безвредно ѓубре бидејќи тој на вас повеќе гледа како на глас отколку како на некој со кого имал секс.“ Иако признава дека неговите коментари би можеле да се сфатат како обична закачка, таа вели дека „закачката“ е всушност маска за нешто многу позлобно.

sx03

„Неговата закачка е штетна бидејќи се крие зад добра намера и хумор“, вели таа.

Виниата во одговор објавил на својот Фејсбук профил:

„Прифаќам дека мојот неодамнешен коментар беше со лош вкус. Поради тоа се извинувам за навредата која била предизвикана со ова. Но, воопшто не го мислев тоа како непочитување. Некои луѓе го извадија овој коментар од контекст и реагираа несразмерно.“

Сподели на Facebook
пати видено