Невработената мајка на четири деца потрошила 20.фунти од детскоот додаток кој го добивала за нејзините деца на што? – на пластична хирургија и планира да потроши и повеќе бидејќи стареењето не било за неа. Андреа Далцел од Воркингтон, Камбриа, си заштедила за силиконски гради, целосен лифтинг на лицето и поткревање на вратот и веѓите, ботокс, па дури и интервенција на нејзината вагина?!

op01

48-годишната патувала о странство за холивудските операции, барајќи поефтина цена, а нејзината последна козметичка процедура ја извела во Букурешт за 3500 фунти.

Таа од социјалната помош си одвојувала по 15 фунти од дете неделно и во 2003 успеала да тргне на страна 22.000 футни. Но, собирањето таа го припишува на нејзината „штедливост“ и тврди дека јадела еднаш дневно и воопшто не пиела. Оваа баба на три внучиња, која оваа недела ќе наполни 49 години за „The Sun“ изјавила: „Моите деца никогаш не посакале нешто особено. А јас отсекогаш сум сакала да направам операција. Брчките, подочниците и белата коса едноставно не се за мене.“ Погледнете ја нејзината трансформација и споделете ги вашите впечатоци за нејзината постапка.

 op02 op03 op04 op05

Нејзината гламурозна 22-годишна ќерка која е фото-модел, споделува дека минатата година била уапсена 25 пати и воопшто не ѝ е страв да ја мине ноќта во ќелија. И таа го следи патот на својата мајка и се подложила на операција за зголемување на градите. За да отиде на опеација, дури решила и да го пропушти задолжителното пријавување кај властите како дел од нејзината условна казна бидејќи „јас заработувам од својот изглед и не сакав да ја пропуштам оваа операција.“

op06 op07 op08

Сподели на Facebook
пати видено