Рори МекГури од Шкотска е роден со редок вид на белег на горната усна. Тој бил константно исмејуван и малтертиран од децата кои го нарекувале „вонземјанин“ и „виршла“. Рори размислувал и да се самоубие затоа што не гледал излез.

Но сега по 16 исцрпувачки операции успеале да му го отстранат белегот. 23-годишното момче сега ги користи социјалните мрежи за да им ја објасни на луѓето оваа состојба и да ги инспирира луѓето со ист или сличен проблем.

„Сега закрепнав од операцијата и разликата е неверојатна. Среќен сум за прв пат во животот. Луѓето зјапаа и ме исмејуваа во текот на детството. Кога наполнив 17 станав многу депрсивен и сакав само болката да заврши.“, напишал Рори на неговиот Твитер профил.

Рори сега се забавува со пријателите и споделил и слика со неговиот татко. Тој вели дека предрасудите можат да уништат нечиј живот и советува: „Што и да се случува во Вашиот живот, колку и да е тешко, останете силни!“

Сподели на Facebook
пати видено