Некој фармер си имал старо муле. Еден ден мулето паднало во бунарот на фармерот. Фармерот го слушнал мулето како се моли, или што и да прават мулињата кога ќе паднат во бунар. Откако внимателно ја проценил ситуацијата, на фармерот му паднало жал за мулето, но решил дека ниту тоа, ниту пак бунарот не се вредни за маката којашто треба да ја вложи за да го спаси животното, како и бунарот. Наместо тоа, тој ги повикал своите соседи, им раскажал што се случило, и ги замолил да му помогнат да го закопаат мулето во бунарот и на тој начин да го ослободат од маките.

На почетокот старото муле го фатило хистерија! Но, како што фармерот и неговите соседи продолжувале да фрлаат земја врз неговиот грб, му светнала една мисла. Одеднаш му текнало секојпат кога земјата ќе  му падне врз грбот, ДА ЈА ИСТРЕСЕ И ДА ЈА ИСТАПКА.

И мулето така и направило, лопата по лопата, удар по удар. „Истреси и истапкај…истреси и истапкај!“-се храбрело себеси мулето, настојувајќи паниката да не го обземе и фрли во очајание. Колку и да биле болни ударите од земја и камења врз неговиот грб, и колку да се чинела безизлезна состојбата, старото муле се борело со паниката и продолжувало-„истреси и истапкај…истреси и истапкај.“

И не поминало многу време кога старото муле, целото изудирано и истоштено, застанало триумфално на врвот од бунарот! Она што се чинело дека ќе го закопа, всушност му помогнало да се спаси….сето тоа поради начинот на кој мулето се справило со неволјата во која паднало.

Тоа е животот! Секогаш треба храбро да се соочуваме со нашите проблеми и на нив да реагираме позитивно и да одбиеме да се предадеме на паниката, огорченоста и самосожалувањето.

Сподели на Facebook
пати видено