Експертите ги уверуваат луѓето дека ништо не може да тргне наопаку, откако со најмоќниот и најнапредниот ренген ласер во светот успеаја да создадат „мини црна дупка“ во лабораториски услови, што може да доведе до бројни револуционерни движења во науката.

Машината користи екстремно светли, интензивни, брзи блесоци на светлина, со цел да долови слики на атомско ниво, како еден од најбрзите процеси во природата.Според експертите, еден пулс успеал да избрише сè, освен неколку електрони од еден атом од внатре кон надвор.Ова резултирало со празнина која почнала да повлекува електрони од молекулата, исто како што црната дупка се храни со спиралниот диск на материјата во вселената.

Овој нов чекор се очекува да го унапреди визуелизирањето на вирусите и бактериите, нешто што на крајот би можело да доведе до развој на подобри лекови во блиска иднина.Таканаречената “молекуларна Црна дупка” била развиена од научници од Државниот Универзитет во Канзас.

Резултатите, објавени во „Nature“, им овозможуваат на научниците фундаментални согледувања, кои што им се потребни за подобро да ги планираат и интерпретираат експериментите со користење на најинтензивни и енергични импулси од ренген зраци добиени од LCLS ласерот.Како што е соопштено, ласерот кој ја создал молекуларната црна дупка (LCLS), се користи за сликање на индивидуални биолошки предмети, вклучувајќи ги вирусите и бактериите.

„За секој вид на експеримент со кој што се фокусираат интензивни Х-зраци на примерок, сакате да разберете како реагира на Х-зраците примерокот. Овој труд покажува дека можеме да ја разбереме и моделираме штетата од радијација кај мали молекули, па сега можеме да предвидиме каква штета ќе добиеме во други системи.“, изјавил Даниел Ролс од Државниот Универзитет во Канзас.

Иако научниците тврдат дека не постои опасност да му се наштети на човештвото со овој експеримент и дека се фокусираат на тоа оваа технологија да се користи за медицински цели а не да се концентрираат на феноменот кога самиот атом „пропаѓа“ во црната дупка. Себастијан Бутет, еден од научниците во експериментот вели дека зраците од овој ласер се стотина пати поинтензивни од резултатот кој би го добиле доколку ја насочите целата сончева светлина што ја опфаќа Земјата во една мала сликичка.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено