Член на Британските кралски воздухопловни сили напишал порака на бомба наменета за група на ИСИС во Сирија. Пораката гласела „ Со љубов од Манчестер“. Фотографијата била објавена на социјалните мрежи и се сметало дека се работи за измама, но денес извор од  КВС го потврдил спротивното.

На фотографијата објавена на социјалните мрежи пишува дека се работи за проектил, но властите потврдиле дека станува збор за Paveway бомба. Бомбата се смета како одговор на ужасниот напад на Манчестер Арената, во кој имаше 22 невини жртви.

Извор од КВС изјавил: „Во овие услови пораката напишана на бомбата е оправдана. Има долга историја во пишување на пораки на проектили и бомби. Личноста која што го напишала тоа нема да биде казнета.“

Традицијата за пишување на пораки на бомби почнува од Втората Светска војна па се до денес. По нападот во Париз, на повеќе американски проектили наменети за ИСИС пишуваше „Со љубов од Париз“, исто така и Русија испрати такви бомби кон ИСИС со пораката „За Париз“.

Сподели на Facebook
пати видено