Британски снајперист со помош на CheyTac M200, пушка за интервенција, убил џихадист, погодувајќи го во грлото, на оддалеченост од 2,5 километри. Оваа оружје се смета за многу моќно затоа што ги уништува човечките органи и од голема далечина. Пушката е произведена во Јужна Каролина и чини околу 13.800 долари.

Биле потребни „цели“ три секунди куршумот да стигне до терористот. Тој излегувал од запалена зграда во градот Мосул. Снајперистот успеал да го погоди џихадистот иако тој се движел брзо и се обидувал да избега. Оваа убиство е регистрирано како едно од најтешките убиства во историјата на полкот.

Оваа оружје се смета за најдоброто во својата класа, затоа што има опсег од 3 километри и до држи светскиот рекорд за најдолг истрел. Војникот вели дека тој испукал само еден куршум, затоа што го следел мотото на CheyTac, „Направете го секој истрел вреден“.

Колегите на снајперистот велат дека тоа било игра а „мачка и глушец“ и дека снајперистот сакал да се откаже но џихадистот направил грешка, премногу се открил и завршил мртов.

Убиениот џихадист исто така бил снајперист и тој користел „Руски Драгунов“. Војникот претходно ранил и убил неколку од соборниците на џихадистот, за да на крај останат еден на еден.

ИСИС сеуште контролира некои делови од западен Монсул, вклучувајќи ја и областа наречена „Стар град“. Ирачките сили, поддржани од страна на американската коалиција, официјално започна со операцијата да го заземе Мосул во октомври и источниот дел на градот беше прогласен за „целосно ослободен во јануари.“ Борбата за западниот дел од градот е една од најтешките и смртоносни борби во Ирак.

Сподели на Facebook
пати видено