Обидувајќи се да премине преку поплавена река, Мојо за малку ќе се удавела кога била стара само неколку дена. Напуштена од своето стадо, слончето било најдено точно на време – кога му приоѓала глутница хиени. Ренџерите ја зеле Мојо во прибежиштето „Вајлд ис лајф“, и Рокси Данквертс, основателката на истото, станала новата мајка на слочнето сираче.

Сега стара четиринаесет месеци, Мојо насекаде ја следи Данквертс. „Таа го препознава мојот глас, мојот мирис, и некако секогаш знае каде сум“, вели Данквертс. „Како го прави тоа, немам поим!“. Како што минува времето, тоа станува сѐ понезгодно, бидејќи Мојо постојано расте и нејзиното лудување по собата станува сѐ потешко за справување.

„Таа е една од оние животни со коишто формирав екстра силна врска а пријателство, доверба и љубов“, споделува Данквертс. „Разделбата ќе биде тешка.Но, јас сум толку решителна и толку сигурна во патот кој го одбрав. Го сакам најдоброто за малите слончиња, а најдоброто за нив е слободата да скитаат и самите да донесуваат свои избори.“

sl01 sl02 sl03 sl04 sl05 sl06 sl07 sl09 sl10

Сподели на Facebook
пати видено