Кај шефот на циркузот доаѓа жена – ситна, со очила, симпатична. Вели:
– Сакам да бидам дресер на тигрите!
Шефот се смее:
– Па, еве ги таму тигрите, сега се баш вознемирени, одете и смирете ги.
Жената смирено влегува во кафезот и ревносно извикува:
– ИЗРОДИ! МИРНО!!!
Тигрите се стаписуваат од изненадување, а еден помал дури и се подмочнал малку.
Директорот целиот збунет ја прашува:
– Дали ова го правевте и на претходната работа?
– Да.
– А каде работевте?
– Бев класна на втори “Б” во средното фискултурно училиште…

Сподели на Facebook
пати видено