Еден човек починал и отишол во Рајот. Таму го сретнал Бог и решил да го праша нешто што цел живот го мачело:
– Господи, зошто другите имаа се, а јас немав ништо? Во текот на целиот свој живот бев чесен, се мачев и живеев во долгови и сиромаштија. Не требаше ли да ми испратиш малку богатство?
Бог му одговорил:
– Секој ден ти праќав „Единствен начин да се збогатиш без напор“, „Големи приходи на интернет за неколку часа“ и „Реален начин да заработите 500 евра неделно работејќи од дома“. Ти некогаш ги проба ли?

Сподели на Facebook
пати видено