Шри Ланка е позната по своите плантажи на чај, кафе, кокос и цимет, неверојатна природна убавина, прекрасни песочни плажи, тропски шуми и остатоци од историјата. Уште од далечното минато Шри Ланка е центар на будистичката религија и култура.

Шри Ланка е богата со прекрасни и луксузни хотели во кои можете да си дозволите ајурведа масажа, вечера со ракови, риба, морска храна и, се разбира, ориз. Но првата работа која што треба да ја направите штом ќе стапнете во оваа место е да ја посетите камената тврдина Сигирија.

Сигирија е монолитна градба во Шри Ланка. Од 1982 година Сигирија е под заштита на УНЕСКО. „Лавовската карпа“ е најпосетуваната атракција на ова место. Сигирија се наоѓа во срцето на островот. Преводот на зборот „Сигирија“ значи „лавовска карпа“ и ова прекрасно чудо на природата изгледа како да се крева од земјата. Таа била изградена во 5тиот век. Највпечатлив дел од оваа атракција е централна карпа (Камена тврдина) која се протега на 200 метри пошуменото плато.

Камената тврдина се наоѓа во срцето на Шри Ланка. Бројни канали исполнети со вода, бедеми и водни градини ги претставуваат сите остатоци на стариот антички град кој се наоѓал на двете страни на карпата. Големите камени „лавовски шепи“ уште стојат на почетокот на скалите кои водат до врвот.

Историјата на ова место трае повеќе од 2.500 години, кога пештерата под карпата почнале да ја користат будистичките монаси како засолниште и манастир. Ова место било населено и имало функција на манастир до 14 век, со повремени реконструкции кои биле последица од промените на владетелите. Секој турист е импресиониран од добро сочуваните фрески кои се насликани и ги прикажуваат „девојките во облаците“, најчесто со голи гради. Според записите, првично имало 500 вакви цртежи, кои наликуваат на фреските во Индија.

Сподели на Facebook
пати видено