Женска ајкула, одделена од својот долгогодишен партнер, развила способност да раѓа сама. Леони, ајкула-зебра (Stegostoma fasciatum) се сретнала со својот партнер во аквариум во Таунсвил, Австралија, во 1999 година. Тие имале поголем број заедничко потомство пред во 2012 да биде преместена во друг аквариум. Оттогаш Леони повеќе немала контакт со машки ајкули. Но, и покрај тоа, во 2016 година таа родила три бебиња. Заинтересирана за случајот, Кристин Даџен од Универзитетот во Квинслендскиот универзитет во Бризбејн, Австралија и нејзните колеки започнале да трагаат по одговор.

ak

Една од можностите била Леони да складирала сперматозоиди од својот поранешен партнер и да ги употребила за да ги оплоди своите јајце-клетки. Но, генетските тестови покажале дека бебињата имаат ДНК само од својата мајка, што покажува дека тие се зачнати бесполово! Некои видови `рбетници имаат способност да се размножуваат бесполово, како некои видови ајкули, мисирки, Комодските варани, змии и раи, при што во повеќето случаи се работи за женки кои никогаш немале партнери од машки пол.

За разлика од тоа, има мал број случаи за бесполово размножување кај женки со претходни сексуални контакти, објаснува Даџен. Една раја и една боа во заточеништво се единствените други женки кои документирано минале од полово кон бесполово размножување.

Кај ајкулите може да се случи бесполово размножување кога јајце од женката е оплодено од соседна клетка, позната како поларно телце (polar body), раскажува Даџен.Тоа го содржи истиот генетски материјал на женката, што води до „екстремно блискосродно вкрстување“, објаснува таа. „Тоа не е страгегија за долгорочно преживување, бидејќи на тој начин таа ја намалува генетската разнобразност и приспособливост.“

Независно од тоа, сепак и ова „врши работа“ од време на време, кога има недостаток на мажјаци. „Тоа може да е механизам за опстанок“, истакнува Даџен. „Мајчините гени се предаваат од женка до женка, сѐ додека не се појават мажјаци со кои би се оплодувале. Преминувањето од полово кон бесполово размножување не е толку невообичаено, ние просто не сме го забележале досега“, коментира Даџен.

Сподели на Facebook
пати видено