Волмарт е светски ланец на дисконтни продавници. Овие продавници се речиси секогаш со џиновски размери, во просек зафаќајќи простор од 2.5 фудбалски игралишта. И што се случува кога една таква продавница ќе се затвори? Останува ужасно голем неискористен простор.

Властите во МекАлен, Тексас, се соочиле со овој проблем кога бил затворен нивниот локален Волмарт. Но, наместо да остават огромниот простор да стои напуштен, тие направиле нешто прекрасно. Ја трансформирале напуштената продавница во најголемата еднокатна јавна библиотека во Америка. Библиотеката се карактеризира со модерен изглед и во неа има 16 соби за јавни состаноци, 14 читални, 64 компјутерски лаборатории, 10 компјутерски лаборатории за деца, и две генеалошки компјутерски лаборатории. Се разбира има и кафетерија, како и книжарница за употребувани книги. Навистина достојно за восхит!

bib1

bib2

bib4

bib6

bib7

Сподели на Facebook
пати видено