Прашуваат Американец:
– Што ќе направиш со парите ако добиеш џекпот?
– Ќе си купам нов автомобил и нова куќа.
– А останатите?
– Останатите ќе ги вложам во бизнис.
Прашуваат Германец:
– Што ќе направиш со парите ако добиеш џекпот?
– Ќе си купам јахта и вила.
– А останатите?
– Останатите ќе ги ставам во некоја банка и ќе добивам камата.
Прашуваат Македонец:
– Што ќе направиш со парите ако добиеш џекпот?
– Ќе си ја платам вересијата во продавницата, ќе му ги вратам парите на Коста од вториот кат и ќе и ги вратам парите на колешката од работа од која зедов на заем.
– А останатите?
– Тие ќе почекаат.

Сподели на Facebook
пати видено