Ешли Сесилија Кастанеда била уапсена поради обвиненија за дрога во септември 2015 година.Но прекршокот не е она што ги запрепастило полицајците. Кога била доведена во станицата Ешли признала дека има пиштол во нејзината вагина. По направена проверка извадиле целосно наполнет пиштол. Адвокатот на Ешли негира дека такво нешто се случило велејќи дека е „невозможно“.

Ешли била стопирана од полицијата во 2015 поради сообраќаен прекршок, но кога полицијата извршила претрес на возилото пронашле 2,7 грама метамфетамин под возачкото седиште. 33-годишната жена во полициската станица признала дека носи оружје и од неа извадиле полуавтоматски Смит и Весон пиштол, 22 калибар. Тие исто така пронашле уште дрога во нејзиниот градник и чанта и голем број на дигитални ваги во автомобилот.

Кастанеда добила условна казна од 10 години и парична казна од 2.500 долари. Заедно со неа во автомобилот бил и 33-годишниот Габриел Гарсија, кој исто така бил затворен поради поседување на дрога. Адвокатот на Ешли, Сет Сатон, вели дека приказната за пиштолот и нанела поголема психичка болка на Ешли отколку самата пресуда.

„Измислената приказна првин почна од полицијата па медиумите, дека госпоѓицата Кастанеда сокрила оружје во нејзината вагина, ова е сосема неточно.Тоа не е возможно.“, вели адвокатот Сатон. Полицијата останува на тоа дека оружјето било пронајдено во вагината на Кастанеда и дека не е невообичаено криминалците да пронаоѓаат „чудни“ места за криење на нелегални работи.

Сподели на Facebook
пати видено