Бренет Франклин го фатил неговиот вработен како краде од него, но наместо да повика полиција тој решил да му одржи лекција која што нема да ја заборави. Бренет на неговиот Фејсбук профил споделил видео од вработениот Марк Антони Дојл како стои на една прометна улица и држи натпис на кој што пишува: „Го крадев и лажев мојот шеф, ова е за да ми дојде паметот!“ Исто така Марк носи маица на која што стои натпис: „Не сакам да бидам тука љубов.“

Бренет му дал можност на Марк да бира дали сака да го пријави во полиција или пак да добие ваква казна. Марк ја одбрал казната за понижување.

Според шефот Марк украл од него ролекс часовник, плазма ТВ и дрон. Бренет сака да сподели порака дека никогаш не треба „да ја гризеш раката што не храни.“ За да покаже дека не е суров шефот му давал пауза на Марк на секои 45 минути

Сподели на Facebook
пати видено