Германската тајна служба добила повеќе од 100 дојавувања дека милитанти на ИСИС се кријат меѓу барателите на азил. Шефот на разузнавачката служба (BfV) Ханс Георг Маасен ја спомнал оваа цифра за време на дискусија во министерството за внатрешни работи, соопштуваат локалните медиуми.

Оваа информација доаѓа еден ден по спроведените рации во потрага по осомничени исламистички милитанти на места ширум земјата, вклучувајќи и два центри за бегалци. Но, според Мааесен, помеѓу тие поткажувања имало и случаи на невистинити клевети, известува Берлинер Цајтунг. За време на рациите во потрага по четворица Алжирци осомничени за врски со ИСИС во Сирија биле уапсени двајца мажи и една жена.

de01

Засолништата за бегалци во Хановер и Атендом, како и адреси во Берлин биле на листата на серија полициски упади. Берлинската полиција изјави дека уапсените се под истрага поради сомневања дека планирале сериозен терористички чин кој требало ја загрози безбедноста на земјата.

de02

Едниот од уапсените мажи бил уапсен поради тоа за него има распишано потерница од властите на Алжир, поради тоа што бил трениран во Сирија. Неговата жена исто така била задржана. Другиот маж бил уапсен врз основа на поседување лажни документи за идентификација. Експертите велат дека Германија одамна е ставена на листата на терористички напади од страна на ИСИС поради нејзината поддршка на воените операции против исламистичката група во Сирија.

Критичарите одамна тврдат дека политиката на отворени врати за бегалците на канцеларката Меркел може да им овозможи на терористите да се инфилтрираат во Германија, преправајќи се дека се бегалци. Ако се докаже дека уапсените осомничени се навистина припадници или поддржувачи на ИСИС, веројатно ќе се зголеми притисокот врз неа да ја преиспита својата досегашна политика.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено