Некои луѓе премногу веруваат во револуцијата на криптовалентноста. Еден од овие луѓе е и 39-годишниот Диди Таихуту, од Холандија, кој подал сè што поседувал, вклучувајќи го и нивниот дом и други вредни работи за да можат да акумулираат биткоин. Семејството во моментов престојува во камп во Холандија, но тие често патуваат низ светот и живеат минималистички начин на живот.

„Луѓето велат, ти си луд. Но, ние сме авантуристичко семејство и ќе се коцкаме за живееме минималистички животи. Ако никогаш не ризикувате животот е досаден.“, изјавил Диди во едно интервју. Диди верува дека биткоин ќе го трансформира модерното општество и смета дека децентрализираното богатство ќе го револуционизира глобалното финансирање. Според него, биткоин е многу сличен со тоа како Интернетот му донесе на општеството нова перспектива кон информациите. „Мислам дека блокчејн и криптовалентноста ќе го револуционизираат монетарниот систем.“, вели Диди.

Крипто-минималистот ја продал куќата за 85 БТК и бизнисот со кој се занимавал 11 години, за да може да патува заедно со сопругата и нивните три ќерки. Диди вели дека со биткоин се занимава уште од 2010 година. Тој во 2013 година кога вредноста почнала да расте ги продал сите биткоин валути. Таихуту тогаш мислел дека донел правилна одлука, за која што сега вели: „Да знаев дека по четири години ќе има десет пати поголема вредност немаше да ги продадам сите. Но тогаш размислував дека морам да направам профит.“

Кога валутата паднала во 2014 година Диди се префрлил на dogecoin и кога вредноста на биткоин се вратила тој повторно се префрлил. Семејството добило големо медиумско внимание поради продажбата на наивниот дом во Венло само за биткоин.

Тие сега живеат во камп приколка и продолжуваат да ги продаваат работите кои ги поседуваат за биткоин. Диди планира да продолжат со ваков стил на живот до 2020 година, затоа што тој смета дека до тогаш биткоин ќе има четири пати поголема вредност и ќе биде незаменлива алатка за финансирање низ целиот свет. Што мислите вие за оваа одлука?

Сподели на Facebook
пати видено