ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Содржини кои можат да ве вознемират!

Средовечна жена смртно настрадала откако во сабота попладен ја нападнал сибирски тигар во паркот „Дивиот свет Бадалинг“, сместен крај Кинескиот Ѕид, на шеесеттина километри од Пекинг. Така семејната расправија која претходела во автомобилот завршила трагично откако жената истрчала од возилото.

Тигарот ја нападнал, но таа успеала да се извлече со тешки повреди. Но, настрадала постарата жена која ѝ притрчала на помош. Од автомобилот излегол и маж, но и покрај сите напори, на жртвата ѝ немало спас. Тигарот ја одвлекол со себе и ја усмртил. Во автомобилот имало и дете, кое за среќа не излегло од возилото. Кинеските медиуми сѐ уште не соопштуваат во каков однос се сопатниците, но англиските медиуми соопштуваат дека постарата жена била мајка која сакала да ја спаси својата ќерка од дивата мачка.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено