Во едно село во Белорусија, на брегот на реката Неман, пензионерот Вјачеслав Козел им изгради на децата селски аква парк. Пред 7 години ливадата на пензионерот била обрасната со високи треви и грмушки. Тогаш тој добил идеја и се фатил за работа. Властите наместо да ја поздрават оваа иницијатива на дедото, му напишале казна затоа што немал никакви лиценци и сертификати за безбедност, но за среќа повисоките судови подоцна му ја укинале казната. Сега децата од селото, па и од околината си поминуваат незаборавни лета во првиот селски аква парк во светот.

Сподели на Facebook
пати видено