Живописното село Ферборн во Велс ќе биде проголтано од морето чиешто ниво постојано се зголемува. Научниците веќе извесно време предупредуваат за можните последици на глобалното затоплување – од коишто најзабележителна е покачувањето на морското ниво, предизвикано од топењето на ледените брегови.

cd

Во следните неколку децении, ниските крајбрежни региони ќе се соочат со најголем ризик, но на едно мало село на западниот брег на Велс веќе му се случува најлошото сценарио. Дом на 1100 луѓе, Ферборн се наоѓа веднаш до морето и сега градскиот совет, плашејќи се дека постојната заштита е недоволна да ги спречи надоаѓачките морски бранови, реши да престане со напорите за негова заштита и целото село да го препушти на брановите. Планот бил општо осуден од жителите на селото кои оттогаш местото го нарекле „Село на проколнатите“, поради фактот што сега е речиси невозможно да се продаваат куќи таму и никој бизнисмен не сака да инвестира во тој регион.

„Дури и да се обидат да го заштитат местото, ризикот е толку голем, што браните би можеле да бидат преплавени, или уште полошо, пробиени, и тогаш последиците би биле неизмерни, а и човечки животи би можеле да бидат подложени на ризик“, објаснуваат од градскиот совет.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено