Без разлика дали ќе користите социјална мрежа, ќе го отворите Вашиот мејл или пак ќе го користите интернетот за било што друго, ризикот од злоупотреба е секогаш присутен. Хакерите и измамниците ќе ги искористат Вашите секојдневни навики за да дојдат до Вашите лични податоци.

Премногу споделувате на социјалните мрежи

Сега е многу лесно да се споделат лични информации, но сетоа тоа споделување може да Ве направи многу ранливи кога станува збор за крадци на идентитет. Вашиот профил нека биде приватен, не го откривајте јавно Вашиот роденден и не ставајте фотографии додека сте на одмор туку направете го тоа кога ќе се вратите.

Ги користите истите лозинки за повеќе работи

Веќе знаете дека Вашата лозинка треба да биде силна. Но иако користите комплицирани и долги комбинации од бројки, букви и знаци доколку ја користите истата лозинка за истите работи доколку хакерот ја дознае ќе бидат загрозени не само Вашиот профил, туку и банкарската сметка и мејлот и слично.

Заборавате да инсталирате ажурирање на софтвер и безбедност

Поставете автоматско ажурирање на оперативниот систем и пребарувачот на Вашиот компјутер и периодично проверувајте дали ја користите најновата верзија на вашиот антивирусен софтвер.

Го оставате Вашиот компјутер без надзор

Голем број хакери користат софистицирани начини да дојдат до податоците во Вашиот компјутер, но доколку често го оставате копјутерот, таблетот или мобилниот без надзор тогаш и обичен крадец може да ги добие Вашите чувствителни информации. Секогаш поставувајте лозинка на овие направи.

Се потпирате на автоматско пополнување

Кога се логирате на профилот или купувате на интернет не сакате да ги внесувате секогаш истите податоци и затоа Ви се сочувани. Но ова Ве прави многу ранливи кога се работи за сајберкриминалот. Не дозволувајте автоматски да се запомнуваат личните податоци, лозиките и кредитните картички.

Ги занемарувате старите профили

Често правиме повеќе профили на разни страни, без разлика дали се работи за веб страна за филмови, или пак сте се логирале на некоја страна за да прочитате некоја статија и слично. Бидејќи сте внесувале лични податоци овие профили можат да Ве направат многу ранливи, затоа секогаш бришете/деактивирајте ги профилите кои што не ги користите.

Исто така како секојдневни навики можат да се наведат и отворање на непознат мејл и честото конектирање на непознати јавни WI-FI мрежи. Овие две навики се дел од најчестите интернет-измами за кои можете да прочитате тука.

Сподели на Facebook
пати видено