Несовесен патник предизвикал паника на меѓународен лет откако се обидел да ја отвори задната врата со цел да запали цигара, додека авионот се наоѓал на 11 000 метри височина. Летот LH476 на Луфтханза од Минхен до Ванкувер морал да слета во Хамбург околу 14:00 часот во недела, за проблематичниот патник да биде отстранет од леталото. Авионскиот екипаж вели дека човекот се наоѓал во вознемирена состојба и кога авионот полетал, почнал да вика. Другите патници станале нервозни поради него, и се вознемириле кога тој се приближил до вратата на кабината сакајќи да запали цигара.

av

Кога авионот слетал, човекот бил прибран од екипа за спасување, меѓу кои и лекар, и било утврдено дека човекот имал ментални проблеми, по што бил пренесен во локална психијатриска установа. Летот, кој вообичаено трае единаесет часови, бил задоцнет за преку три часа.

Сподели на Facebook
пати видено