Научниците откриле дека луѓето кои ги изневериле своите „сакани“ ќе го направат тоа поворно бидејќи нивниот мозок станал „имун на лагата“.

Според истражувачите неверството го ослободува мозокот од негативните емоции поврзани со лагата. Затоа, личноста која еднаш изневерила и се чувствувала лошо поради тоа, наредниот пат ќе има уште помала грижа на совест или пак нема да чувствува негативни чувства за извршеното дело.

Ко-авторот на истражувањето Нил Герет, психолог од Универзитетскиот колеџ во Лондон, изјавил: „Она на што нашето истражување и други укажуваат на моќен фактор што нè спречува да изневеруваме, а тоа е нашата емотивна реакција на тоа, колку лошо се чувствуваме во суштина. Но, процесот на адаптација ја намалува оваа реакција, со што ни овозможува да лажеме повеќе. Со сериски измамници, може да биде случај дека тие првично се чувствувале лошо во врска со мамењето, но измамиле толку многу што се прилагодиле на нивните начини и едноставно не се чувствуваат лошо во врска со мамењето.“

Кога некој ќе измами некој, дел од мозокот што ги регулира емоциите – наречен амигдала – се активира и може да чувствуваме срам или вина. Тимот на д-р Гарет ги замолил учесниците да играат игра каде понекогаш ќе добијат повеќе пари за да го лажат својот партнер. Им била покажана тегла со монети и било побарано од нив да му помогнат на партенрот да погоди колку монети има во теглата. На партнерот му била покажана само матна слика од теглата.

Но кога им било кажано дека ќе бидат наградени доколку нивниот партнер ги надмине бројките на монетите во теглата тогаш тие почнале да лажат. Снимките од мозокот покажувале дека чувствата кои ги имале на почетокот кога за прв пат го излажале партнерот не биле исти со оние од подоцна, односно нивниот мозок се навикнал на лагата.

Сподели на Facebook
пати видено