Еден од најновите предмети достапни на Амазон е мал дом кој може да биде испратен директно на Вашата домашна адреса, или каде и да посакате. Веќе конструираната куќа направена од товарни контејнери можеби е Вашиот нов дом.

Ова е дело на „карготектура“, архитектура која се однесува за градби кои се конструирани од контејнери, практика која наводно започнала во почетокот на 2000-тите – е направена од MODS International, компанија специјализирана за реорганизација на контејнери за испорака. За нешто повеќе од 40.000 долари, можете да имате целосно изолиран дом од околу 30 метри квадратни, кој ќе биде испорачан до Вашата врата, индивидуализиран и комплетен со вградена кујна, бања и апарати. Овој дом лесно може да се поврзе со комуналии, како електрична енергија и вода, па дури и да биде целосно загреан и климатизиран.

Мора да се признае, домовите се мали. Но, бидејќи достапниот простор за живеење станува проблем во многу урбани средини, инвестирањето во префабрикуван, компактен дом можеби не е толку лоша идеја. Споредено со опциите за домување во места како што се Хонг Конг и Токио, како и соодветно наречените „ковчег куќи“, овој дом е поднослив. Трошокот е исто така „достапен“, а достапноста на интернет е голема предност. Најдобриот дел е тоа што рециклирањето на контејнери во куќи е еколошки начин на живот.

Сподели на Facebook
пати видено