Се очекува Apple да го лансира новиот ајфон 8 во септември оваа година. Има тон шпекулации и извештаи за претстојниот iPhone, вклучувајќи и дека ќе биде редизајниран. Компанијата е под голем притисок затоа што ова година е десетгодишнината од првиот iPhone, лансиран во 2007 година, а се очекува компанијата да има големи планови за одбележување на оваа пригода. Apple ретко коментира за претстојните производи, но некои кодови од Apple сугерираат дека некои од гласините може да бидат точни. Ова се сите шпекулации кои кружат за новиот iPhone 8:

Се очекува Apple да пушти во продажба три iPhone телефони: оној кој е редизајниран и две надградби на тековните iPhone 7 и iPhone 7 Plus. Редизајнираниот iPhone е моделот кој доби најголемо внимание. Се очекува да има екран низ целиот телефон, кој ќе биде заоблен и ќе има многу помали рамки од сегашниот iPhone 7. Екранот користи понова дисплеј технологија наречена OLED која ветува дека ќе користи помалку енергија.

Дизајнерот Мартин Хајек направил и фотографии за тоа како би можел да изгледа новиот iPhone 8. Од Apple потврдиле дека телефонот ќе има помали рамки, така што ставиле фотографија на HomePod firmware, чие што кодирано име е Д22. Овој дизајн ќе овозможи повеќе простор за екранот во телефон со иста големина.

Овој поголем екран се очекува да има резолуција од 1125 x 2436, според кодот на Apple, како и прогнозата на KGI Securities. Се очекува iPhone 8 да има предна камера со функции за 3D сензори и моделирање, овозможувајќи не само фотографирање туку и манипулирање со фотографиите. Предната камера ќе се користи за препознавање на лицето, било да го замени сензорот за отпечатоци на допир или да го дополни.

Ова, исто така, навидум беше потврдено од страна на Apple кодот дека ќе има систем за отклучување со помош на лице и т.н. BiometricKit. На задната камера, исто така, ќе има две задни леќи кои се вертикално ориентирани, наспроти хоризонталните, како на iPhone 7 Plus. Исто така се очекува новиот телефон да нема копче на екранот.

Што се однесува на софтверот следниот iPhone ќе работи на iOS 11, најновата верзија на iPhone и iPad софтверот. IOS 11 е прилично добро ажуриран, со редизајниран контролен центар, нов работен тек на екранот и големи подобрувања на Siri.

Можеби нема да морате да го приклучите вашиот iPhone за да го полните. Се верува дека моделите кои ќе излезат оваа есен ќе можат да се полнат безжично, иако има гласини дека ваквиот полнач ќе се продава одделно. Но, овој редизајниран iPhone нема да биде евтин – некои аналитичари и извештаи шпекулираат дека би можел да чини од 1.000 долари и повеќе.

Сподели на Facebook
пати видено