Тоа е тоа. Вие сакате да бидете робови на навиките. Тоа ни стана начин на живот. Тоа се гледа насекаде кадешто ќе погледнеме и во се што правиме. Но, премногу рутина создава крутост во умот којашто потоа се претвора во нееластичност на телото. Сето тоа доведува до лошо телесно, умствено, емоционално и духовно здравје и на личен, а и на професионален план. Отвореноста е таа којашто може да нѐ доведе до растеж.

2015-07-03-1435890948-1092803-shutterstock_150535742-thumb

Дали ова ви звучи како опис на вашиот живот: се будите наутро и се подготвувате за на работа со истата рутина. Овие рутини ги спроведувате толку доследно што просто нема врема за било какви отстапки, па така не дај Боже вашето дете да ве изненади со нешто што треба да потпишете или пак да треба да појдете со него на училиште. Всушност, вие имате определено точно колку пати можете да го стиснете копчето за одложување на алармот на вашиот будилник, пред конечно да станете и после сите ритуали да излезете од вратата на вашиот дом.

Потоа, заминувате на работа. Одите по истиот пат, секој ден, без разлика дали одите пеш, со велосипед, со автомобил или автобус. И ако нешто не ви се испречи нешто на патот, како некакви градежни активности или нешто друго поради што е пренасочен сообраќајот, во главата си проектирате слики за тоа колку ќе ви биде тежок денот. Секој ден застанувате на истото место да си купите појадок и ги гледате истите лица. Го нарачувате истото кафе или чај секој ден.

Потоа се фаќате за работа и ги извршувате истите задачи, освен ако работата по природа не ви е креативна, па секој да имате можност да ја употребувате десната страна на вашиот мозок. За останатите од нас, сето тоа е едно исто, имејли, рокови и рутини. А потсетете се -особено тие кои работат некаква канцелариска, административна работа – на моментот кога фирмата вовела некој нов софтвер или нова технологија или методологија на работа! Веројатно имало доста од вработените коишто имале голем проблем со тоа, пружајќи, барем внатрешно, извесен отпор кон сето тоа.

Можеби на враќање кон дома наминувате во теретана или слично…одејќи кон неа по истата патека. Кога ќе стигнете таму, вашата облека ја оставате од прилика на истото место. Доколку не сте по спортот, наминувате во истото кафуле да се опуштите после работа.

Зар ова не ви звучи малку исцрпувачки, иако наводно ви требало да ви ја одржува организираноста и да создава што е можно помалку стрес во вашиот секојдневен живот? Тоа се синџирите коишто не врзуваат. Таа детално испланирана рутина за тоа кон каде треба да се движи вашата иднина нѐ држи заробени во бескрајни рутини коишто ги хранат истите стравови во мозокот, секој ден повторно и повторно.

А што ќе се случи ако наутро кренете по друга улица за да стигнете до вашето работно место? Што ако се напиете чај наместо кафе? Што ако станете малку порано за да вежбате утрински вежби или да медитирате малку, или да им посветите повеќе внимание на вашите деца? Што ако, што ако…сето тоа веќе создава некаков стрес во нас. Гледате, кога ќе го отпочнеме процесот на воведување на некакви промени, нашиот ум не е нешто особено заинтересиран да учествува во тоа, токму спротивното.

Процесот на промени понекогаш создава несигурност, збунетост и внатрешен судир. Тоа се должи на нашите стравови и токму затоа се опираме на промените и пак се враќаме на истите обрасци на однесување кои ни се толку добро познати, па дури и кога знаеме дека гледано долгорочно тоа ни штети. Токму тие обрасци на однесување ни создаваат стрес и влијаат врз изборот на стил на живот кој на крајот може да резултира и со хронични болести.

Промената е експанзивна и ослободувачка, таа е растеж и преобразба. Кога сме подготвени да промениме нешто, без разлика дали се работи за голема или мала промена, се отвара свет со бескрајни можности, секако под услов да излеземе од нашата зона на удобност. Единствениот начин на кој растеме и созреваме е преку промена.

Сподели на Facebook
пати видено