Во главниот град на Хаити, Порт-о-Пренс, не треба да бидете аптекар за да продавате лекови. Се што Ви треба е кофа и подготвеност да шетате по улиците на топлото сонце во потрага по пациенти. За многу Хаиќани, лековите се обични намирници како бонбоните и за нив е нормално да ги купуваат од уличните продавачи.

Всушност аптеките се многу ретки во Хаити и поради тоа уличните продавачи се главен извор за лекови. Како уличен продавач мора да направите Вашата аптека да изгледа привлечно, инаку никој не би купил од Вас. На пример тие го ставаат ампицилинот веднаш до туленол така што пакетот розови таблети ќе создаде контраст со пакетот сини апчиња. Продавачите редат стотици разнобојни апчиња во кула во кофа или леѓен и притоа внимавате на боите. Пар ножици, кои се користат за разделување на лековите стојат на врвот од кулата. Целата структура е прицврстена со гумени стегачи.

„Преносливите аптеки изгледаат како современи уметнички дела или како излог од продавница за бонбони.“, фотографите Паоло Вудс и Габриеле Галимберти, кои работат на проект за пристап до медицински средства во повеќе од 20 земји. дуото веќе одамна е фасцинирано од уличните аптекари.

Продажбата на лекови на овој начин е незаконска, но законите ретко се спроведуваат од страна на Министерството за јавно здравје. Недостатокот на надзор на владата ги става во опасност животите на жителите на Хаити, ставајќи ги во рацете на неискусните продавачи, кои продаваат се, од апчиња за абортус, до виагра.

Повеќето од нив се генерички лекови од Кина. Други, пак, се апчиња на кои им поминал рокот и фалсификувани лекови увезени од Доминиканската Република. Продавачите често им даваат си совети на луѓето кои можат да бидат и фатални. Овој начин на лекување не се разликува од опасната игра „Руски рулет“.

Сподели на Facebook
пати видено