По неколку месеци негирање, Русија сега го потврди откривањето на повисоки од нормалните нивоа на радиоактивен изотоп над поголемиот дел од Европа во септември 2017 година. Потврдата доаѓа откако францускиот IRNS извештај за инцидентот беше објавен претходно во ноември.

Во септември 2017 година, повеќе агенции за мониторинг откриле необичен износ на зрачење што лебди над поголемиот дел од Европа. Неколку европски нации сугерирале дека изворот на зрачењето може да биде Русија. Во меѓувреме, руските власти негираа дури и дека облакот постои, сѐ досега.

На 21 ноември, руската метеоролошка агенција Roshydromet ги потврди наодите на Францускиот институт за заштита од радијација и нуклеарна безбедност (IRNS), една од агенциите за следење, кои прва ги забележаа покачените нивоа на рутениум-106, радиоактивниот изотоп на реткиот тежок метал рутениум. На 9 ноември, IRNS соопшти дека откриле рутениум-106 над Франција од 27 септември до 13 октомври на ниво од неколку мили бекерели на кубен метар воздух. Нивните мерења укажале на потенцијален извор на радиоактивен облак како некаде помеѓу Волга и Урал.

Roshydromet потврди „екстремно висока контаминација“, откривајќи нивоа на рутениум-106 1,000 пати повисоки од нормалните во примероците, испитувани од две метеоролошки станици во јужниот регион на Уралските планини. Ова е во согласност со француските наоди. Сепак, шефот на Roshydromet, Максим Јаковенко рече дека нацијата не е причина за зрачењето. „Објавените податоци не се доволни за да се утврди локацијата на изворот на загадување“, се вели во соопштението, според New York Times.

Во меѓувреме, Росатом, корпорација контролирана од државата која е задолжена за руската нуклеарна индустрија, изјави дека зрачењето не произлегува од ниту еден од нивните капацитети. Значи, дали Европејците треба да бидат загрижени дека повисоки од нормалните нивоа на радиоактивни изотопи лебдат над континентот?

Според IRNS, одговорот е „Не“. Во својот извештај, тие забележуваат дека нивоата на рутениум-106 откриени во Европа „немаат последици за човековото здравје и за животната средина“. Од 13 октомври тие не откриле било какви траги од изотопот над Франција.

 

Сподели на Facebook
пати видено