Родителите на седумгодишно момче од Јапонија кое исчезнало во планински појас населен со мечки, признаваат дека лажеле за исчезнувањето и дека го оставиле по казна, за време на семеен излет. Мајката и таткото на Јамато Таноока на полицијата првин ѝ кажале дека нивното дете се загубило за време на прошетка на јапонскиот остров Хокаидо. Но, по вториот ден на потрага во која биле вклучени 150 спасители, родителите признале дека лажеле и дека морале да го остават таму за да му одржат лекција.

dt01

Потоа „веднаш“ се вратиле на местото каде што го оставиле, но момчето повеќе не било таму. Таноока бил прогласен за исчезнат во сабота, по што била покрената дводневна операција со цел да го најдат. На прашањето зошто лажеле, таткото за ТВ Асахи изјавил дека не се осмелувал да ја признае вистината, а во исто време да бара да се организира потрага.

dt02

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено