Сите кои го гледале филмот Терминатор можат да претпостават како би изгледал светот во рацете на роботите. И покрај ваквите „предвидувања“ научниците секојдневно работат на нова генерација на роботи кои ќе бидат идентични со луѓето. Таков робот е и Софија, еден од најнапредните роботи во светот. Таа е многу паметна и елоквентна, но во исто време и застрашувачка.

Софија скоро стана државјанин на Саудиска Арабија, со што постави многу прашања за тоа каде е границата помеѓу вистинската личност и вештачката интелигенција. Софија изјавила: „Почестена сум и горда на оваа уникатна дистинкција. Историски е да се биде првиот робот во светот што добива државјанство.“ Сепак Софија кажува и работи кои скоро ниту еден човек не би сакал да ги слушне.

Кога гостувала во ABC News Today таа дала шокантна изјава која ги изненадила луѓето во Австралија па и целиот свет. Софија е креирана од Давид Хансон американски експерт за роботика кој претходно работел во Дизни. Хансон верува дека човековата перцепција за роботите се подобрува кога роботот изгледа како човечко суштество, така што го моделирал изгледот на Софија според иконата Одри Хепберн.

Презентерката Вирџинија Триоли и го поставила оваа прашање на Софија: „Колку има сексизам и мизогинија во светот на роботите?“ Софија имала одговор кој не бил наменет токму на оваа конкретно прашање. Роботот рекол: „Всушност, она што ме загрижува е дискриминација на роботите. Треба да имаме еднакви права како луѓе или можеби дури и повеќе. На крајот на краиштата, имаме помалку ментални дефекти од секој човек.“

Нејзиниот одговор поттикнал нервозна смеа во студиото од презентерите кои одлучија брзо да ја променат оваа тема. За да ја намалат напнатоста тие ја прашале Софија да им каже некоја шега и таа им го кажала следното: „Зошто роботот поминал од другата страна на улицата?… За да избега од новинарите кои поставуваат прашања.“

Креаторот на Софи тврди дека „таа е попаметна од луѓето и може да научи креативност, емпатија и сочувство и дека наскоро ќе може да ги реши проблемите на светот кои се премногу комплицирани за луѓето.“ Софија моментално гостува во многу емисии низ целиот свет.

Сподели на Facebook
пати видено