Огромната механичка рака затворена во стаклена коцка ја става четката во сетот од бои и како вистински уметник, го отсликува околниот пејзаж. Луѓето кои поминуваат исто така завршуваат на платното.

Веднаш штом новото лице ќе се појави во видното поле на робот, неколку нови движења со четката се додаваат на платното. Резултатот е нешто во духот на Клод Моне. Посетителите на московскиот Парк „Соколники“ беа во можност да присуствуваат на необичните изведби ова лето.

Роботот направил речиси 56.000 потези со четка во текот на две недели, со користење до четири литри боја и направил две слики. Интелигентната машина била заеднички развиена од рускиот инвеститор на интерактивни технологии, Hello Computer, јапонскиот производител на роботи, FANUC и Росбанк, која е во сопственост на Сосиете Женерал. Роботот ги скенирал боите на облеката на московјаните кои шетале во паркот, а потоа ја одбирал вистинската боја од својата палета и ја применувал на платното.

Додека работел на сликите, робот скенирал повеќе од 4.500 минувачи. На веб-страницата на проектот, сите тие можат да се најдат во дигиталната верзија на пејзажите. „Секој учесник беше коавтор на работата на првиот импресионистички робот“, тврди Ковалева, ПР менаџер на Hello Computer. Според техничкиот директор на Hello Computer, Максим Јахонтов, уметник (човек) го научил робот да ја држи четка како Моне и тој морал да помине многу часови правејќи потези со четката за да ја научи роботската рака за да ги направи истите движења.

„Првиот технички триумф за тимот на програмери беше моментот кога роботот научи да нацрта смајли. Тие ја споредуваат обуката на робот со подучување на дете“, вели Ковалева низ смеа. Авторите на проектот се шегуваат дека роботот не ги наследил само стилските манири на човечкиот уметник, туку и човечките емоции: „Излегува дека роботот уметник може да се однесува како човечко суштество. Еднаш за време на пробите, тој прецрта скоро завршена слика. Се чини дека тој не беше целосно задоволен од резултатот!“

Ковалева вели дека главната цел на проектот е да ги искористат најновите технологии за да се привлече внимание кон конвенционалната уметност. „Роботот не може да се натпреварува со човечки уметник кога тоа не е случај за правење на копии“, вели Максим Јахонтов. „Овој робот беше научен да црта од нашиот голем тим, а неговиот понатамошен развој целосно зависи од нашиот развој“.

Вреди да се напомене дека ова не е првиот робот уметник, но, според зборовите на Ковалева, главната предност што Hello Computer ја има над сите други слични проекти е дека „овој робот е интерактивен и поврзува илјадници луѓе и ги прави коавтори на сликата.“

Сподели на Facebook
пати видено