Ребека Шарок е една од 60-80 луѓе на Земјата кои не можат да заборават ништо. Дали се сеќавате на настаните од вашиот прв роденден во детали? Или пак сонот кој што сте го сонувале кога сте имале 9 години? Мнозинството луѓе ќе одговорат со „не“ на овие прашања. Сепак, Ребека Шарок е една од ретките поединци ширум светот кои смело ќе речат „да“. Тоа е затоа што 27-годишната жена има уникатна состојба која се нарекува Високо супериорна автобиографска меморија. Таа и уште 60-80 луѓе на светот не забораваат.

 

Ребека почнала да се сеќава на деталите од нејзиното рано детство кога наполнила 12 години. На пример таа се сетила како нејзините родители ја ставиле на возачкото седиште кога била бебе за да ја сликаат. Исто така, Ребека се сеќава како го поминувала времето во нејзиното креветче, на играчките околу неа и вентилаторот до креветчето. Сеќавањето кои што го има за нејзината најмала сестра Џесика е неверојатно.

„Веднаш по мојот втор роденден, мојата сестра Џесика се роди. Не сфаќав што значи тоа „сестра“ тогаш па многу ми беше позабавно да си играм со мојата играчка воз.“

Освен што се сеќава на минатото Ребека исто така се сеќава на секој збор од книгите Хари Потер. Таа исто така, во моментов пишува нејзина книга за своите искуства, наречена „Мојот живот е сложувалка“ и учествува во две научни истражувања, на кои целта е да се открие како функционира нејзиниот мозок.

Иако би помислиле дека ваквата меморија е благослов, Ребека го негира тоа и вели: „Оваа состојба не ми дава да заборавам ниту еден ден од мојот живот и постојано го преживувам (емотивно) моето минато во јасни детали. Како и да е, ние со оваа состојба не сме единствените кои можеме да се сетиме на периодот пред четири години од нашите животи. Всушност, поголемиот број на луѓе со кои имам дојдено во контакт можат да се сетат на некои најразлични спомени како на пример – нов член на семејството, иако штотуку прооделе, како и прославите за Божиќ или роденден.“

Ребека смета дека сите ние можеме да се сетиме на деталите од првите денови од нашиот живот и дека би можел еден ден да се пронајде начин.

Сподели на Facebook
пати видено