Марк Дејтон имал необично искуство, откако поминал една ноќ во државната библиотека во Сакраменто, Калифорнија. Пребарувал стари книги, кога од една книга испаднала рачно нацртана мапа на област која никогаш претходно не ја сретнал.

Најпрвин се чинело нереално, со оглед дека мапата датирала од 1851 година, што се поистоветува со периодот на зачетоците на Калифорнија. Преку апликацијата Google Earth пронашол симетричност во линиите кои означувале населено место, а истите точно биле лоцирани.

На мапата биле прикажани и локациите на кои порано стоеле градби, меѓу кои и приватни куќи. Пронашол 22 области, за кои била потребна посебна дозвола за дополнителни истражувања.

По неколкумесечни обиди, добил дозвола од властите за  ископување на 2 приватни имоти. Со помош на тимот на Реликтни авантури Калифорнија (California Relic Adventures), тргнале кон првиот имот. Во потрагата биле вклучени Рон Свенсон и Андру Савиќ, кога Андру повикал помош, откако неговиот детектор сигнализирал на проводник.

Откако почнале да ископуваат, наишле на 11 златни монети од 1889 година. Тоа биле монети од 20 долари, Двоен орел со главата на Слободата.

Овие монети се издавале во период од 1850 до 1907 година, во Калифорнија. Не само што денес се многу ретки,  но и нивната колекционерска вредност се мери во илјадници американски долари.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено