Тие го разубавуваат нашите домови и ги разведруваат нашите канцеларии. Но, домашните растенија исто така го прочистуваат воздухот кој го дишеме. Едно истражување докажало дека растенијата во саксија ги апсорбираат опасните хемикалии, правејќи го почист воздухот кој го дишеме. Едно од таквите природни освежувачи на воздухот е Guzmania lingulata или „црвената ѕвезда“, колоритен тропски вид бромелија која со месеци цвета внатре во вашиот дом. Друго такво растение е Dracaena fragrans коешто има долги, разнобојни листови кои се особено добри во впивањето на ацетонот, хемикалијата која се користи за отстранување на лак за нокти.

rs01

Ова истражување било поттикнато од растечката загриженост за штетата предизвикана од загадувањето на воздухот внатре во домовите од разни токсини, меѓу кои т.н. испарливи органски состојки, кои се испуштаат од најразлични нешта од секојдневието, почнувајќи од бои и принтери па сѐ до хемикалии за чистење.

rs02

Кралскиот медицински колеџ на В. Британија проценува дека внатрешното загадување секоја година придонесува за 99 000 смртни случаи. Плус тоа, многу луѓе веруваат дека страдаат од „синдромот на болната зграда“, при кој застоениот, загаден воздух се смета за предизвикувач на разни нарушувања, од главоболки па сѐ до кожни алергии и чувство на замор.

Истражувачи од државниот универзитет на Њујорк велат: „Зградите, без разлика дали се работи за стари или за нови, можат да имаат високо ниво на испарливи органски состојки во нив, понекогаш до таа мера што можете да ги помирисате.“

rs03

Истражувачите ставиле пет различни растенија во саксија во вакуумски затворена комора со испарливи органски состојки и набљудувале како се менувало нивото на штетните хемикалии со текот на времето. Во текот на тестирањето биле употребени и обични домашни растенија и резултатите покажале дека сите пет го отстранувале ацетонот, но растенијата од родот драцена се покажале како најефикасни прочистувачи на штетните токсини, остранувајќи цели 94 отсто од хемикалијата. Најдобар прочистувач е спомнатата бромелија „црвена ѕвезда“.

Сподели на Facebook
пати видено