Науката сега има докази за нешто што алкохоличарите веќе одамна го знаат, но не можеле да го објаснат: Видот на алкохолот кој го пиете влијае на вашето расположение. Луѓето веќе долго време припишуваат одредени емоционални состојби на нивниот избор на пијалок. Зошто еден вид на етанол ќе ве натера да тагувате, а друг ќе ве направи да се чувствувате среќни?

Сепак, голема студија во BMJ Open се чини дека најде потврда, со тоа што жестоките пијалаци(ракија, виски, вотка, коњак, шток и сл) се поврзуваат со агресија а црвено вино ги прави луѓето опуштени. Останува нејасно дали ова е навистина ефект на самиот пијалок или очекувањата на луѓето ги обликуваат нивните искуства. Освен тоа, ако луѓето го изберат пијалокот врз основа на тоа како сакаат да се чувствуваат, тоа би можело да бидат пророштва што се исполнуваат.

Студијата користела одговори од Global Drug Survey, од 30.000 луѓе на возраст од 18 до 34 години во 21 земја, врз основа на нивните искуства во текот на претходната година. Анализата била ограничена само на оние кои пријавиле дека пијат алкохол. Истражувањето не прави разлика меѓу различни видови на дестилирани пијалаци, ниту сорти на пиво, па затоа многу е можно да се пропуштиле некои комплексни делови. Сепак некои повторувања биле премногу чести за да бидат случајност.

Агресијата била поврзана со дестилираните(жестоки) пијалаци кај 30% од испитаниците, додека виното предивикало агресија кај само 3% од испитаниците, а пивото кај 6,7%. Кога се однесува на опуштеност и релаксираност, резултатите биле обратни, кај 53% од испитаниците виното и пивото предизвикувало опуштеност, а само 20% изјавиле дека така се чувствуваат од дестилираните алкохолни пијалаци. 60% изјавиле дека црвеното вино ги заморува, а само 18% го кажале истото за белото вино.

Жестоките пијалаци не предизвикуваат само тепачки, туку тие силно се поврзуваат со самодовербата и енергијата(59%) и кога ги консумираат луѓето се чувствуваат секси(42%). Не беа пријавени податоци за тоа дали консумирањето алкохолот прави другите луѓе да мислат дека сте секси.

Авторите исто така ја сортирале студијата и според полот, возраста, образованието и нацијата. Тие забележале дека младите(18-24 години) самоуверено пиеле од сите видови на алкохолни пијалаци, додека агресијата при пиење била прилично поголема кај мажите и алкохоличарите, отколку кај жените и мажите кои пијат умерено.

Професорот Марк Белис од Јавното здравство во Велс и главен автор на студијата, ја забележува историската поврзаност со дестилираните пијалаци и агресивноста и го поставува прашањето зошто владите дозволуваат овие пијалаци да се продаваат толку евтино. Можеби политичарите стравуваат од одговорот на агресивните алкохоличари доколку стават повисоки цени.

Сподели на Facebook
пати видено