Жена од Тајван го излуде интернетот откако објави слики на нејзините чудни прсти. Нејзините слики кои прв пат се појавија на блогот Dcard оставиле милиони корисници во збунета состојба, не можејќи да разберат дали се работи за прсти на нејзините раце или нозе. Многумина се запрепастиле кога подоцна дознале дека се работи за прсти на нејзините нозе, при што должината на нејзиниот најдолг прст изнесува неверојатни пет сантиметри. Жената, чиј идентитет засега е непознат, наводно е студентка од Тајван. Висока е 151 сантиметар, но нејзините прсти се толку долги, што се чинат непропорционални.

„Уште од моето детство отсекогаш го привлекувам вниманието кога носам влечки. Луѓето ме опкружуваат и разговараат за мене како да сум животно. Дури ми велат дека не сум се развила како што треба. Некои ми викаат да ги користам моите `четири раце` за да се искачам на дрво. Невообичаените прсти на жената можат да се видат на следните слики.

pr01 pr02 pr03

Сподели на Facebook
пати видено